Основни податоци
Венетите биле древни жители на неколку европски подрачја.
Каде точно биле населени?
Тие ги населувале:
- Алпското подрачје и северниот Јадран (Јадранските Венети),
- Балтичкото подрачје (Балтичките Венети),
- Подрачјата помеѓу реките Висла (Вистула) и Днепар (Венети-Сармати),
- Бретањското подрачје во Франција (Бретањските Венети),
- Анадолското подрачје (Фафлагонските Венети),
и некои други области.
Дали биле од исто потекло?
Нивните корени биле индо-европски; очигледно биленајголемиот разгранок на Индоевропејци, кои ја населиле Европа.
Биле ли познати под различни имиња?
Да, иако повеќето од нив ималеизведени имиња, како Венеди, Венди, Винделити, Виндишари, итн. Според некои автори, исто така биле познати и какоСклавени и Анти.
Кои јазици ги зборувале?
Ова е спорно, иако како што е подвлечено претходно, тиеделеле заедничко индоевропско потекло.
-Макар што јазикот на јадранските Венети, сам по себе е прогласен за италски, ова не покажува дека тоа бил јазик сличен налатинскиот. Има проучувања, коишто посочуваат дека јазикот бил облик на Протословенската разговорна форма.
-Јазикот на балтичките Венети, бил не сосем класифициран, поради недостигот на пишани податоци, иако некому може да му сечини дека така наречените германски рунички натписи, се остатоци од оваа древна култура. Некои пак претпоставуваат декабалтичката Венетика, најмногу укажала воздејство врз јазичниот развиток на словенските јазици.
- Венети-Сармати најверојатно зборувале словенски јазик.
-Бретањските Венети, се претпоставува дека зборувале галски јазик, иако некои расправаат дека континенталниот галски, (келтски) бил сличен со западно-словенските јазици.
-Фафлагонските Венети говореле на јазик различен од грчкиот, веројатно сличен на јазикот на јадранските Венети.


