За Проектот
Порачајте лекција
Достапни теми
Упатства за училиштата
Венетите во голема мера се непознаница за многумина луѓе, бидејќи истите не се вклучени во ниту една наставна програма во училиштата. Затоа решивме да понудиме можност за одржување лекции на тема Венети. Можеме да изготвиме разговори, визуелно потпомогнати со програмата Powepoint а проследени со расправа. Некои од нашите веќе одржани предавања (Предавање во Ново Место 01/02/07, Предавање во Идрија 11/05/07 ...) потврдуваат дека се движиме по вистинскиот пат.
Достапни теми
Организаторот може да избира помеѓу овие теми (истите можат да се спојат во една лекција):
- Венетите и нивната историска заднина,
- Венетските натписи и нивната јазична основа,
- Венетите и нивната култура,
- Венетите и нивниот археолошки и генетски аспект,
-
Венетите и нивната поврзаност со современите словенски народи,
како и другите соседни народи.
Упатства за училиштата или за други организатори
- Како што прочитавте погоре постојат изборни теми од кои можете да одберете. Штом ќе се одлучите, сврзете се со нас за да ги уточниме подробностите. Вообичаено лекциите се одржуваат вон училишниот распоред, (освен ако вие самите не организирате предавање во рамките на распоредот) за ние да имаме повеќе можност успешно да го утврдиме точното време.
- Им се препорачува на наставниците да ги подготват учениците за темата. Пожелно е да има расправа во текот на лекцијата. Вие ќе не известите дали сакате само да слушате, да водиме расправа или двете заедно, за претходно да изготвиме дневен ред.
- Потребно е да си обезбедите бележник и проектор, за да добивате нагледна помош преку Powerpoint програмата.
- Нашиот труд е доброволен и бесплатен. Ако сакате, можете да дадете прилог за покривање на трошоците за материјалите.
* Засега предавањата се оддржуваат единствено во Словенија. Но, во иднина, ако постои интерес и во Македонија, со задоволство ќе се одгласиме на поканата.

Септември 2006: страницата се збогати со повеќејазични содржини. Воведот беше преведен на 25 јазици.

Април 2007: Veneti.info се пренасочи од стариот HTML кон новиот CMS систем, користејќи нови својства, како гласило, календар со настани, итн. Бројот на статии се зголемуваше постојано.

Логото на страницата од Април 2007 до Март 2008
Март 2008: менито и структурата на страницава беа прилагодени кон новите потреби и побарувања. Идејата беше да се создаде што попрофесионална и поприкладна мрежна страница.

Тековното лого
Октомври 2009: веб-сајтот на системот и дефиниција беа модернизирани.


